Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.

Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјава и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија. Во фокус на разговорите ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

Грлиќ ќе биде пречекан од својот македонски колега во 16:15 часот пред Министерството за надворешни работи, по што двајцата ќе имаат тет-а-тет средба, а потоа е планирано да се одржи и билатерална средба меѓу двете делегации. Најавена е и прес-конференција на двајцата министри.