Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево го честиташе 24 Мај, нагласувајќи дека трајно цивилизациско наследство е делото на светите браќа Кирил и Методиј.
– Со својата просветителска и мисионерска дејност, светите браќа ја отворија можноста, словенските народи да читаат, учат и творат на свој мајчин јазик. Нивното дело претставува трајно цивилизациско наследство и темел на културниот и духовниот развој на словенските народи, вклучително и на македонскиот народ – овјави министерот на Фејсбук.
Муцунски додава дека 24 мај е ден на почит кон јазикот, образованието и културата – како вредности што го обликуваат идентитетот и ја градат иднината.




