Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го постигнатиот договор меѓу САД и Македонија за реципрочна, фер и избалансирана трговија.

Во објава на Фејсбук, Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со Соединетите Американски Држави, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.

.

– Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.

Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон, напиша Муцунски на својот фејсбук профил.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизра под три проценти и месечен негативен тренд, што, како што посочува ре реазултат на водењето политики кои што се во ин

Договорот со САД вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајѓи оти шеесет и три-шееесет и четири производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со едноцифрена тарифа од нула до шест и пол проценти.

Тој кажа дека во изминатите месеци се воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на тоа.