Творецот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов денеска се огласи на својот Инстаграм профил.

Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје им се зблагодари на сите фанови кои дојдоа во СЦ „Борис Трајковски“ да го поддржат тимот во вториот финален натпревар против АЕК во рамките на ЕХФ Купот, кој не се одигра поради одлука на гостите да не излезат на теренот.

-Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех. Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа. РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси. Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ, напиша Мукаетов.