Владата не открива дали државата ќе се спогоди со Крсто Мукоски откако тој ја тужеше Македонија во судот за човекови права во Стразбург.
Како што објави ТВ Алсат, откако екс-пратеникот беше амнестиран на во 2018 – та година затоа што ги отворил собраниските врати на 27 април и се случи насилството, Мукоски сега бара државата да му плати отштета.
Тој смета дека бил незаконски притворен бидејќи имал пратенички имунитет. Од Министерството за правда велат дека засега постапката е тајна.
– Секоја вакава постапка може да заврши со спогодба. Роковите ги определува судот, велат од Министерство за правда за ТВ Алсат.
Мукоски за да гласа за промена на уставното име на Република Македонија беше амнестиран за случајот „27 април“. За овој случај останатите 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор.