Светското првенство во фудбал и големиот број на навивачи од целиот свет, кои дневно пијат огромни количини пиво, предизвикаа недостиг на овој напиток во Русија.
Прва, која уште во понеделникот испрати 20 камиони со пиво, е пиварата „Егер“од Австрија.
– Испорачавме 840.000 лименки или 420.000 литри пиво во Русија, е наведено во соопштението од пиварата.
Според директорот за продажба и маркетинг на „Егер”, Бернхард Посер, ова е добра можност за нивниот бренд, бидејќи Русија е важен пазар и воедно се надева дека нивните производи ќе ги пробаат навивачи, кои доаѓаат од различни делови на светот.