Водоводџија од јапонскиот град Кобе е казнет оти отишол три минути порано на пауза.

Неговите надредени поради тоа дури свикале и прес-конференција, на која поведението на работникот го опишале како непримерно и им се извиниле на граѓаните. Притоа, открија и дека работникот истото го сторил 26 пати за седум месеци, објави „Џапен Инсајд“.

Непримерниот работник добил укор и е казнет парично.