Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека му се допаѓа Германското првенство.
Претходно, Португалецот рече дека е подготвен да работи во Италија и во Франција.
– Бундеслигата е возбудливо натпреварување за мене. Тимовите од средно ниво постојано се подобруваат и создаваат конкуренција. Постои одлична организација, секој тим има добра тактичка обука. Ова е многу интересна лига, изјави Мурињо за „Билд“.
Запрашан за состојбата во Баерн, трофејниот тренер одговори дека не очекува промени во стручниот штаб.
– Баерн е германски и европски великан. Се надевам дека Ковач ќе остане тренер, бидејќи работеше напорно за да стигне до ова ниво, смета Мурињо.