Муса Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се консултира Надзорниот совет на ДУИ за учеството на спикерот Талат Џафери во раководството на партијата. Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.
„Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме со учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот“, рече меѓу другото Муса Џафери за ТВ21.
Случувањата со Артан Груби и оваа најава на Муса Џафери, за аналитичарот Исен Салиу, во разговор за ТВ 24, е доказ дека таканаречената огнена група имала успешна партија на вчерашниот Централен совет а не ја исклучува можноста и за формирање на трета фракција кај интегративците откако вчера собранискиот спикер Џафери изрази незадоволство поради тоа што неговиот предлог за уште еден потпретседател од гостиварскиот огранок во партијата не беше прифатен.
Сепак, тој вели дека рано е да се каже дали има победници и губитници со оглед на фактот дека лидерот на партијата Ахмети се уште го држи блиску до себе Груби кој е на висока позиција и во владата но и во самата партија.