Иран не сака да војува со ниту една земја, ја пренесе денеска иранската агенција Мехр изјавата на командантот на иранската војска генерал мајор Абдулрахим Мусави.
Тензиите меѓу Иран и САД се разгореа минатиот месец, откако иранската војска собори американски дрон.
Ирански официјални претставници тврдат дека дронот беше соборен во иранскиот воздушен простор, додека Вашингтон наведува дека скапото беспилотно летало било во меѓународниот воздушен простор, пренесоа западните медиуми.