Заминувањето на младите предизвикува недостиг на работна сила, но тоа позитивно ќе се одрази на вработените, бидејќи цената на трудот ќе почне да расте, што може да биде мотив плус за некои да почнат да се враќаат, изјави аналитичарот Алберт Муслиу во „10 минути“ на ТВ 21.
Аналитичарот смета дека „преселувањето ќе има позитивен ефект, ќе ја зголеми вредноста на работата овде во земјава“.
Како пример ја посочи Албанија, бидејќи според него, со зголемувањето на миграцијата се зголемила и вредноста на работната сила во оваа соседна земја.
Според него, тоа предизвикало многу Албанци кои заминале во Грција да се вратат во Албанија.
– Мислам дека Албанија помина низ ова, рече Муслиу.