Во Музејот на Македонија денеска ќе биде отворена изложбата „На Срем“ на која ќе бидат поставени над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во Музејот.

Низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци, како и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна.

Автор на изложбата и на текстот за каталогот е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот. Изложбата ќе биде отворена до 31 август 2021 година.