Во рамките на проектот „Музички корени“ вечер пред платото на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, концерт ќе одржи ансамблот „Стефче Стојковски“ со пријателите.
Проектот е дел од активностите на струшкиот Центар за култура.
Стефче Стојковски е роден 1972 година во Скопје. Љубовта кон народните инструменти ја добил од неговте дедо и татко, долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудио снимка. Покрај на кавал, Стојковски свири на гајда, зурла и тамбура.
Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. Има издадено седум албуми и еден видео материјал, а работи и на филмска музика.
Има настапувано низ повеќе држави меѓу кои САД, Канада, Јапонија, Кина, Тајван, Русија, Турција, Шпанија, Италија, Франција, Шведска Белгија,