MAC Cosmetics ги прекина врските со кувајтската Инстаграм ѕвезда и експерт за шминка, Сондос Алкатан, по нејзините контроверзни коментари за законот за заштита на слугите во Кувајт.

MAC Cosmetics го следеше примерот на Max Factor, Shiseido, Chelsea Beautique и други, и се дистанцира од Алкатан, која ја следат 2,3 милиони луѓе, прогласена од Форбс за една од највлијателните арапски убавици.

На Сондос Алкатан и засметало тоа што „слугите“ во иднина ќе имаат еден ден слободен неделно, а ќе можат и да ги задржат своите патни исправи.

На социјалните мрежи го објави своето гневно излагање кои брзо се прошири.

„Како можете дома да имате слуга кој го задржал пасошот со себе? Што е уште полошо, добиваат еден ден слободен. Ако побегнат назад во својата земја, кој ќе ми ги врати парите за нив? Искрено, не го поддржувам овој закон. Не сакам повеќе слугинки од Филипини“ – изјавила.