Глутниците улични кучиња во Скопје и другите градови се множат, што особено може да се забележи за време на полицискиот час, а секојдневно во билтенот на МВР има нови пријавени напади на граѓани од кучиња.

На 11.05.2020 во 07.20 часот во Полициската станица Центар, Р.А.(55) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 11.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, С.М.(33) од Скопје пријавила дека на ул.„Радишанска“ била касната од куче скитник во пределот нозете.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, како и градоначалниците на другите општини, но и асоцијациите за заштита на животни треба сериозно да го разгледаат овој проблем, бидејќи расте револтот кај засегнатите граѓани, особено кај тие што доживеале напади. Тоа пак доведува до „одмазди“ кон уличните кучиња, каква што никој не посакува.

Заштитниците на животните имаат право да ги штитат кучињата, но и луѓето имаат право да бидат заштитени.

(Д.Г.)