Во полиција вчера биле пријавени две каснувања ос куче скитник во Скопје. Двата случаи се случиле на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, едниот во 11 часот другиот во 14 часот.
Во Полициската станица Центар Е.В.(45) од Скопје, пријавила дека вчера околу 11,00 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 16 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. Во истата полициска станица во 14,00 часот Г.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12,00 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.
Покрај овие случаи, МВР информира дека вчера во 16,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце при влез во Р.С.Македонија од слобода бил лишен А.Е.(24) од Албанија. А.Е. бил лишен врз основа на барање на СМПС Интерпол-Швајцарија.
На 06/07.04.2019 година во времето од 23,30 до 01,30 часот од страна на полициски службеници од СВР-Тетово извршена била акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при што биле затекнати девет малолетни лица како консумирале алкохолни пијалоци. По целосното документирање, ќе следат соодветни поднесоци.