Во билтенот на МВР и денеска се регистрирани два напада на улични кучиња во Македонија.

Б.К.(23) од Скопје вчера во 22:25 часот во СВР Охрид пријавила дека на бул. „Туристичка“ била касната од куче скитник.

С.А.(24) од Кичево вчера во 14:10 часот во Полициската станица Кичево пријавила дека на ул.„Партизански одреди“ во Кичево била касната од куче скитник.

Искасани граѓани од улични кучиња стана секојдневие, а тоа минува незабележано и од властите и од асоцијациите кои се грижат за животни.