И денеска има два регистрирани случаи во билтенот на МВР за нападнати граѓани од улични кучиња.
На 19.05.2020 во 12.30 часот во СВР Скопје, Ф.С.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.
На 19.05.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, А.С.(18) од Скопје пријавил дека на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.