И во денешниот билтен на МВР се регистрирани два напади на кучиња скитници во Скопје.

Во Полициската станица Центар вчера во 10:40 часот К.Г.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Наум Охридски“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.

Во Полициската станица Центар вчера во 15:25 часот С.С.(23) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ била касната од куче скитник во пределот на левата нога.