Во билтенот на МВР и денеска се регистрирани два напада на кучиња скитници врз граѓани.

На 27.04.2020 год. во 07.30 часот во Полициската станица Аеродром Р.Д.(61) од Скопје, пријавил дека на ул.„Симеон Кавракиров“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 27.04.2020 во 09.45 часот во Полициската станица Центар С.Ѓ.(75) од Скопје пријавила дека на ул.„Франклин Рузвелт“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.