На 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, соопштија денеска од МВР, утврдено е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 706 прекршоци.