Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(34) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

МВР денеска соопшти дека од 04.03.2017 до 10.12.2018 година од банкомати во Кавадарци пријавената, во повеќе наврати, од дебитна и кредитна банкарска картичка на Б.Ѓ. од Кавадарци подигнала 79.200 денари.