Од 22 часот (16.03.2021) до 05 часот (17.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, информираа денеска од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Македонија, за мерката не носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.