Забраната за двжење од 00.00 часот до 04.00 часот денеска ја прекршиле 11 лица.
Министерството за внатрешни работи информира дека во тој период е констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, а во текот на изминатото деноноќие (10/21.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 349 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.