Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што се казнети 193 мотоциклисти, соопшти МВР.
– Од нив, 122 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава а санкционирани се и други прекршоци, информираат од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелраат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.