Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжи засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје, како што се посочува, изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Од МВР информираат дека изречени се три санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, пет за минување на црвено светло и 35 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, потенцираат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.