На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 178 мерки, од кои 39 за управување со брзина поголема од дозволената, 11 за поминување на затворен семафор (црвено светло), осум за возење без возачка дозвола.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека изречени се три мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила,  пет мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас, две мерки што ги чинат пешаците и 68 санкции за непрописно паркирање.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.