Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје санкционира 249 возачи, меѓу кои 105 за возење повеќе од дозволената брзина, а 11 за возење без возачка дозвола. Изречени се и 56 санкции за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.
-Изречени се 19 санкции за возење под дејство на алкохол, 12 за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, четири за минување на црвено светло на семафор, 36 санкции за непрописно паркирање, соопшти МВР.
Оттаму најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за,како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.