Во рамки на засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи, во областа на сообраќајот, вчера само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 320 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26 санкции, 20 за управување под дејство на алкохол, 29 мерки за користење на мобилен телефон.
Изречени се осум санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 67 за непочитување на брзина на движење и 75 мерки за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.