Од ноќеска на полноќ до 04.00 часот утрово 34 лица не ја почитувале забраната за движење, информираат од МВР.
Во текот на изминатото деноноќие (14/15.05.2021) пак, на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 396 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.