На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, како и нерегистрирани и технички неисправни возила 18.

МВР во денешното соопштение наведува дека се санкционирани 32 мотоциклисти, 128 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 31 санкции за неносење на заштитна маска, а сето тоа во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, кои, ќе продолжат и во наредните денови

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.