Од 22.00 часот (28.03.2021) до 05.00 часот (29.03.2021) констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 572 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.