По однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 644 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, соопштија денеска од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.