На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23, 10 санкции за непрописно престројување и три за нерегистрирани возила.
– Изречени се 16 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила, стои во соопштението од МВР.
Се наведува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.