Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците на дел од улица „Банско“ и дел од улица „Црниче“ во населба Пржино.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе имаат поради дефект на приклучна цевка ф-1 на улица „Банско“ број 35.

Корисниците ќе бидат без вода од 09:20 часот се до санирање на дефектот.