Вкупно 192 сообраќајни мерки се изречени вчера на територијата на Gрад Скопје, меѓу кои 116 за возење сo брзина поголема од дозволената, 15 санкции за возење без возачка дозвола, а три за нерегистрирани возила.

Од МВР информираат дека се изречени и 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.