Од 22 часот синоќа до 5 часот изутрината констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.