Од 20.00 часот (12.04.2021) до 05.00 часот (13.04.2021) констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.
Во денешното соопштение од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид 19.