На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

МВР денеска соопшти дека се изречени и четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.