Полициски службеници во текот на вчерашниот ден спроведоа зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи.

Од нив, како пто информира МВР, 104 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 50 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението на МВР.