Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 110 возачи. Од нив, 54 возеле со брзина поголема од дозволената, 10 се казнети за возење без возачка дозвола, осум за возење на нерегистрирано возило.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат Министерството за внатрешни работи.