Полицијата денеска на граничниот премин Табановце констатирала непочитување на законите кај автобус кој вршел меѓународен превоз на патници.

– При контрола на автобус сопственост на туристичка агенција од Скопје, било констатирано дека нема задна регистерска табличка, за што е изготвен соодветен поднесок, а, исто така, констатирано е дека вториот возач А.Б. не поседува лекарско уверение како и сертификат за професионален возач за меѓународен прево на патници и во соработка со Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачот и правното лице, соопшти МВР.