Четиринаесетгодишна скопјанка исчезнала од Кавадарци, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во Одделението за внатрешни работи Кавадарци, вработена во јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Кавадарци пријавила дека околу 19.30 часот од „Мал групен дом за деца од ризик“ во Кавадарци самоволно се оддалечила М.М. (14) од Скопје, појасни Додевски.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето