Актуелното раководство на МВР ќе продолжи со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена, стручна и мотивирана полиција која ќе испорача уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на РС Македонија, објави денеска МВР.

– Ги следиме стандардите на енергетска ефикасност и заштеди на енергија, истовремено и потребата од заштита на животната средина, преку замена на постојните начини на загревање со употреба на огревното дрво како енергенс. Старите прозорци се заменуваат со нови ПВЦ прозорци, се врши замена и на внатрешната дотраена столарија и изработка на надворешна фасада, објави денеска МВР на својата официјална страница на Фејсбук.

Од МВР соопштуваат дека „во моментот се реализираат реконструкциски активности во Куманово, Прилеп, Крушево, Чашка и Полициски центар Ѓорче Петров“.

Објавуваме дел од активностите и фоторепортажа на МВР од нивната официјална страница на Фејсбук од кои се гледа акцијата што МВР ја води во модернизација на полицијата. Граѓаните сега ќе очекуваат МВР да ги испорача и ветените подобри резултати.