Секторот за внатрешни работи од Скопје во соработка со ДПИ денес презеде мерки за контрола на објектите кои не ја почитуваат одлуката на Владата. Во оваа насока затворени се 2 објекти, еден хотел и една чајџилница, а за други 4 објекти издадена е мерка за предупредување. Во моментот полициски службеници сеуште преземаат мерки за контролирање на угостителските објекти во Скопје, информираше на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Дополнително, од страна на ОВР Кавадарци во текот на денешниот ден до ОЈО е поднесена кривична пријава по член 206 од КЗ против едно лице кое спротивно на одлуката на владата одбило да потпише изјава за изолација по враќање од Германија, информираше министерот Наќер Чулев.

Министерството за внатрешни работи има поднесено три кривични пријави за четири лица за сторени кривични дела. Две од нив се однесуваат на кривично дело ‘пренесување заразна болест’ и истите се однесуваат за три лица за подрачјето на Струмица и една се однесува за кривично дело непостапување по здравствени прописи и се однесува за едно лице на подрачјето на Тетово-инфорираше министерот.