Трговскиот центар „Скопје сити мол“ во населбата Карпош сè уште е евакуиран поради дојава за бомба.
Како што јави репортерот на МИА, полициски екипи со кучиња трагачи детално ги пребарува сите простории. Во трговскиот центар повремено се внесуваат еден по еден од вработените во локалите со полициска придружба за да го земат прометот.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА изјавија дека до нив е пристигната информација за дојава за поставена бомба по што на терен се испратени екипи од полицијата.
На терен е и екипа од Противпожарната бригада на Скопје со едно возило и четворица пожарникари, а сообраќајот на околните улици е блокиран.
Според очевидци, во трговскиот се вклучени сите аларми и било побарана итна евакуација.