Надлежните апелираат до сите, а особено до младите, да ги почитуваат владините мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот.
Од МВР информираат дека веќе се преземаат мерки за расчистување на поголеми групи луѓе јавни простори. Припадници на СВР Скопје во текот на вчерашниот ден интервенирале за расчистување на поголема група млади на Водно.
Покрај апелот, надлежите укажуваат и дека за непочитување на воведените мерки се предидени законски санкции.