Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера на територија на град Скопје изрекла 189 казнени мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола.

Собраќајната полиција изрекла и девет санкции за непочитување на брзината на движење, две за управување под дејство на алкохол, седум мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, десет за поминување на затворен семафор (црвено светло), 18 мерки за користење на мобилен телефон, 9 за некористење на сигурносен појас и 59 за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.