Осум лица се приведени досега во Арачиново во полициската акција која се уште е во тек во врска со недозволена трговија со оружје и дрога.
– По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Св. Николе, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот ФБ профил.
Од МВР најавуваат детали по завршувањето на акцијата и наведуваат дека ова е една од низата полициски акции спроведени писледниов период.