Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи 40 – та седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Седницата ќе се одвива според вообичаената процедура за пратенички прашања, а предност ќе имаат пратениците од опозициските ВМРО – ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Левица.

Секое трето прашање на седницата, која ќе започне во 11 часот, како што е најавено, ќе биде од пратениците од владејачкото мнозинство од СДСМ и од ДУИ.